Домашна манџа со боранија и грашок

Манџите се подготвуваат со многу состојки, а во исто време имаат и висока нутритивна вредност, но и помагаат да внесете доволно течна храна во вашето мени. 

За оние кои сакаат боранија и грашок, ова е комбинација на двете состојки.

Состојки:

Една лажица масло
Два колбаса
200 гр жолта боранија
200 гр грашок
100 гр компир
Зачини
Супа од коцка
Кисела павлака

Подготовка:

Колбасот исецкајте го на кругови и пропржете го на маслото. Извадете ги парчињата колбас настрана. Во тоа масло, ставете ги зеленчуците. Компирот треба да биде исецкан на коцки. 

Во 800 мл вода измешајте ја коцката супа и зачините по желба (вегета, оригано, сув босилек, кари, чили...)

Течноста ставете ја врз зеленчукот и варете околу 20 минути или додека целосно да омекне боранијата. Послужете и во секоја чинија ставете кисела павлака и неколку парчиња колбас.