Време е да се ослободиме од предрасудите кон боранијата и да ја пробаме на различен начин, на пример во салата, наместо како манџа.
Состојки:
300 гр варена боранија
Два моркова
Грашок од конзерва
Пченка од конзерва
Сварен наут
Сок од лимон
Магдонос
Едно чешне лук
Подготовка:
Измешајте ги сите состојки. Од лимонот, магдоносот и лукот направете прелив.
Можете да додадете сол и бибер по потреба.