Малолетник повреден во сообраќајка меѓу автобус на ЈСП и „опел“ кај Католичка

Малолетник е повреден во сообраќајната несреќа што се случила попладнево на булеварот „Метрополит Теодосиј Гологанов“, кај кружниот тек кај Католичка црква во Скопје. 

Според информациите од МВР во 15:15 часот при судир меѓу возило марка „опел“ со скопски регистарски ознаки и автобус на Јавното претпријатие со повреди се здобило едно малолетно лице кое се превезувало во автобусот. 

Веднаш по сообраќајката интервенирала итната помош, а полицијата го пренасочуваше сообраќајот по околните сообраќајници.