Македонија во првото тримесечје најмногу тргувала со Германија

Според годишните податоци на Народната банка на Македонија за ланската година Германија е прва на листата во трговска размена на земјава.

Така со вкупен извоз од 2,03 милијарди евра и увоз од 750 милиони евра, Германија е најголем трговски партенер на Македонија. Со тоа вкупната трговска размена со Германија лани надминува 2,7 милјарди евра.

Годишните анализите велат дека на второ место според вкупната трговска размена, најголем трговски партнер на Македонија е Велика Британија. Со оваа земја вкупниот увоз во земјава изнесувал 654 милиони евра, додека извезените стоки и производи во вредност од 52 милиони евра или вкупна трговска размена од 706 милиони евра.

Трет најголем трговски партнер за лани на земјава со вкупна трговска размена од нешто повеќе од 653 милиони евра минатата година била Србија. Од нашиот северен сосед лани била увезена стока во врдност од 449,7 милиони евра, додека сме извезле производи и услуги во вредност од 194 милиони евра.

Нашиот јужен сосед Грција е позициониран на четврто место. Од оваа земја лани биле увезени стоки и производи во вкупна вредност од 449,7 милиони евра, додека македонските компании извезле стоки и услуги во вредност од 147 милиони евра. Со тоа вкупната трговска размена меѓу Македонија и Грција во 2016 година достигнала 596,7 милиони евра.