Мајка го оставила бебето само во количка, минувачи пријавиле на полицијата

Полицијата пронашла бебе оставено во количка, мајката била пронајдена и приведена во полиција. 

Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера во 14.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачје на Карпош била пронајдена бебешка количка во која имало бебе и на која имало оставено телефонски контакт и медицински извештаи на мајката.

По преземени мерки и активности, полициски службеници од СВР Скопје ја пронашле мајката М.С.(19) од Скопје и ја лишиле од слобода.

По целосно расчистување и документирање на случајот против неа ќе следуваат соодветни пријави.