Повеќе пријави за семејно насилство во Скопје, син нападнал мајка, брат нападнал сестра

Билтенот на МВР бележи повеќе пријави за семејно насилство што се случиле во изминатово деноноќие.

На 02.04.2024 во 17.21 часот во СВР Скопје, 70-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 16.30 часот во семејниот дом на подрачјето на општина Аеродром, била физички нападната од нејзиниот син Д.Ј.(47) од Скопје. 

Истиот ден но во 20:15 часот во полициската станица во Чаир било пријавено дека 19-годишниот Б.Ѓ од Скопје во семејниот дом по претходна расправија ја нападнал својата 18-годишна сестра. Лицето е приведено од страна на полицијата.

Денеска во 00.50 часот во СВР Скопје, 38-годишна жена од Македонски Брод пријавила дека на 02.04.2024 околу 22.00 часот на подрачјето на Карпош, била физички нападната од нејзиниот партнер Д.А.(40) од Скопје. 

Од МВР велат дека се постапува во сите овие случаи и против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.