Мачките имаат неверојатна интуиција

 

Мачките се исклучително чувствителни, па можат да ги забележат сите негативни вибрации и луѓе кои ве опкружуваат. Морате само малку подобро да ги погледнете за да сфатите што сакаат да ви порачаат. Еве што се обидуваат да ви кажат со своето однесување:

Ако мачката без причина почне нервозно да се однесува откако ќе се вратите дома

Овие животно умеат многу добро да ја препознаат енергијата, па доколку сте се расправале додека сте биле излезени или некој ве изнервирал, тие ќе го почувствуваат тоа. Со својата постапка ве потсеќа дека би требало да се ослободите од негативните мисли и чувства.

Долго гледаат во една точка

Нешто не ѝ се допаѓа и на тој начин ви става до знаење дека тоа место или предмет имаат негативна енергија. 

Мачките почнуваат да се однесуваат поагресивно кога тој што ги чува е лошо расположен

Тие можат да ги почувствуваат вашите негативни чувства. Со оваа постапка сакаат да ви кажат да престанете со таквото однесување. 

Ако тој што ја чува се разболи, мачката ќе се склопчи покрај него додека не оздрави

Тие чувствуваат кога нешто не е во ред, па секогаш ќе бидат покрај вас доколку нешто не е во ред. Ќе лежат покрај вас, а можат и да го препознаат болното место. 

Ако во вашата куќа се појави некој кој нема добри намери, таа ќе испушта чудни звуци или без да се помрдне ќе гледа во таа личност. Нивната изразена интуиција ќе ви покаже кои луѓе не ви мислат добро.