Луѓето денеска се хронично уморни: Како да си помогнеме подобро да се чувствуваме во новата година?

Луѓето денеска се хронично уморни.

Photo by Content Pixie on Unsplash

Што и да работиме, што и да правиме во животот, постојано слушаме дека сите сме уморни.

Како да имаме сила само за основните обврски и ништо повеќе. Голем дел од нив се трудат на различни начини да утврдат што е проблемот, но тешко доаѓаме до одговорите. Некогаш и самата посета на доктор ни дава дијагноза стрес и замор, но не ни дава одговор за причините. Кај некои луѓе се дијагностицирани автоимуни состојби, но заморот продолжува и кај оние кои немаат дијагноза. 

Но, тешко е да се функционира постојано во ваквата состојба. Како да си помогнеме?

Ние не можеме да го смениме животот од корен, ниту пак можеме да ги смениме надворешните услови. Но, она што можеме да го смениме се нашите навики.

Намалено користење технологија

Потрудете се да го ограничите долгото скролање на социјалните мрежи, а особено потрудете се тоа да е сведено на минимум еден час пред спиењето и еден час по будењето наутро. Ова ќе ви даде свежина и побистар ум и нема да ве замори како што тоа се случува со претераното користење на телефоните.

Направете филтер на луѓето околу вас

Не морате да ги бришете луѓето од вашиот живот, но ако некој не ви дава убаво чувство и ви создава лошо расположение, тогаш ограничете го дружењето со таа личност. Освен тоа, важно е да поставите граници. Добро е да бидете тука за другите луѓе, но ако некој околу вас постојано се жали без да направи нешто за својот живот  и ве троши енергетски, тогаш најважно е да поставите граници со ваквите личности.

Минувајте време во природа

Постојано го повторуваме ова, но природата има голема моќ. Излезете надвор и пешачете или пак седете на клупа, гледајќи во зеленилото, тогаш кога сте најуморни. Зеленилото од дрвјата и свежиот воздух ќе го избистрат вашиот ум и ќе го подобрат вашето расположение.

Бидете свесни за она што го внесувате во себе

Знаеме дека храната има големо влијание на тоа како се чувствуваме. Не можеме целосно да ги отфрлиме грцките и слатката храна, но можеме свесно да се храниме, без претерување. Балансираната исхрана која вклучува природни влакна, риба, многу овошје и зеленчук ќе го намали вашиот замор и ќе ви донесе убаво чувство.

Правете работи кои ве прават среќни

Колку и да мислите дека немате време, најдете барем половина час во денот за да го правите она што ве прави среќни. Одете на танцување, цртајте, играјте карти со своите најблиски, направете си своја градина со растенија. Ова ќе ви даде убаво чувство на радост и исполнетост, што е значајно за да го победиме заморот.