Кривична пријава против скопјанец, при претрес на возилото му пронашле пиштол и 144 куршуми

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против М.А.К.(43) од Скопје поради постоење основа за сомнеж за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“.

На 22.02.2024, полициски службеници, при преглед на патничко возило управувано од пријавениот, било пронајдено огнено оружје „црвена застава“ со 144 куршуми се вели во соопштението на МВР.