Крем-тиква со фета - идеална закуска со тазе леб

Овој рецепт за закуска ќе ве воодушеви на прва! Крем-тиква со фета - идеално за со свеж леб!

Потребни состојки: 

400-450 грама тиква

350-400 фета сирење 

сол, црн пипер, мускатно оревче 

Маслиново масло

1 чешне лук

За сервирање: мед, ореви, парчиња тиква

Начин на подготовка: 

Тиквата исчистете ја и исичете ја на коцки. 

Загрејте ја рерната на 200 степени. 

Коцките тиква изрендајте ги и додадете ги зачините. Печете околу 20 минути.

Смесата со тиква изблендирајте ја со фета сирењето и притоа додадете го лукот. 

Сервирајте со мед, украсете со ореви и парчиња печена тиква! 

Пријатен апетит!