Рецепт за идеален неделен ручек

Доколку уште не сте смислиле што да приготвите за денес, ова е нашиот предлог.

Состојки:

– 1 свеж карфиол
– 1 свежа брокула
– 500 мл крем за готвење
– 1 павлака
– 1 јајце
– 150 г пармезан сирење
– 50 г путер
– 3 лажици презла
– сол, бибер

Карфиолот и брокулата исчистете ги и исечкајте ги на ситни цветчиња. Гответе во зовриена солена вода не овеќе од 10 минути. Во длабок сад измешајте павлака, крем за готвење и јајце и зачинете ја смесата. Плиткиот сад премачкајте го со путер и посипете го дното со презла, која ќе го впие вишокот течност. Сварениот зеленчук наредете го во сад, прелијте го со смесата и посипете со пармезан. Печете 30 минути на 200 степени или додека одозгора не се формира златна кора. Послужете како прилог или лесно главно јадење.