Колачи со вкус на нане и кокос

Чоколадно задоволство богато со многу вкусови.

Состојки:

240 гр кокос
30 мл јаворов сируп или мед
1/2 лажичка екстракт од нане-мента
2 лажички кокосово масло
180 гр сечкано темно чоколадо

Подготовка:

Сите состојки, освен темното чоколадо, блендирајте ги додека да добијат структура на лепливо тесто. 

Направете топчиња, па притиснете ги за да добијат форма на диск. Потопете во стопено чоколадо и оставете убаво да се изладат.