Колач со кокос и моркови

Тортата со моркови е вистински хит во последните неколку години, а овој колач е уште поедноставен за подготовка. 

Состојки:

Една и пол чаша брашно
Еден прашок за пециво
1/3 чаша кокос
Еден ванилин шеќер
Цимет
Две јајца
Една чаша млеко
Пола чаша стопен путер
Една лажичка таан
Една чаша рендан морков

За прелив:

Едно пакување грчки јогурт
Пола чаша шеќер во прав
Рендана кора од лимон

Подготовка:

Во сад измешајте ги сувите состојки. Во друг изматете ги јајцата, ставете млеко, путер и таан. Соединете ги двете смеси и ставете ги морковите. Ставете во сад за печење, па печете на 180 степени. 

Кога ќе биде испечен, оставете целосно да се излади. 

Подгответе прелив на начин што ќе ги измешате состојките и ќе прелиете врз колачот.