Ќе се отстрани оградата околу црквата „Св. Константин и Елена“ во Скопје

Рокот за градба на црквата „Св. Константин и Елена“ на улица Македонија е поминат, па од Општината велат дека ќе се тргне оградата од градилиштето, објави „СДК.мк“.

„Немам најава до Општината дека тие ќе продолжат со градба со оглед на тоа дека рокот е поминат. Во следниот период оградата ќе биде отстранета и просторот ќе биде исчистен“, велат од Инспекторатот на Општина Центар.

Изградбата почна во ноември 2012 година, а инвеститори се Македонската православна црква (МПЦ) и Фондацијата „Св. Цар Константин“.