Генерално чистење околу црквата „Свети Спас“

Во пресрет на годишнината од смртта на македонскиот национален херој Гоце Делчев, екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје во текот на вчерашниот ден започнаа активности за генерално чистење на реонот околу црквата „Св.Спас“, лоцирана во близина на скопското Кале, каде што денеска се очекува посета на бројни делегации што ќе присуствуваат на комеморативното одбележување.

И во текот на денешниот ден, со ангажман на десет работници на терен, продолжуваат активностите за рачно метење и чистење на платото и паркингот пред црквата „Св.Спас“, во којашто се наоѓа вечното почивалиште на најзначајниот македонски револуционерен деец.