Ќе има денови, пријателе мој...

Ќе има денови, пријателе мој, кога ќе имаш чувство дека не можеш понатаму, но ти и натаму продолжи да пливаш.

Вдиши, издиши и почекај ја светлината на новиот ден.

Ќе има денови, пријателе мој, кога ќе имаш чувство дека ништо нема смисла.

Тоа не мора да биде така. Исчисти го својот ум и отвори го своето срце, одговорите ќе си дојдат кога треба да дојдат.

Ќе има денови, пријателе мој, кога болката на созревањето ќе те зафати и тебе.

Тогаш биди добар кон себе. Легни си и дозволи солзите да течат како реки, ослободи се, отвори ги браните и исфрли сѐ од себе.

Ќе има денови, пријателе мој, кога ќе имаш чувство дека целиот свет е против тебе.

Тогаш ќе бидеш немоќен и ќе мислиш дека не можеш да направиш ништо. Само седни. Утре е нов ден и тоа чувство ќе пројде. Ти ветувам.

Знаеш, животот се живее од ден за ден.

Понекогаш животот е убав, чудесен, неверојатен и радосен, а потоа повторно станува ужасен, болен и суров. И така постојано во круг.

Не ја губи надежта и вербата. Надежта и вербата нека пуштат корени во твоето срце.

Утре е нов ден!