Како Универзумот ви праќа пораки дека ви претстојат животни промени?

 

Среќата е присутна во нашите животи, но понекогаш не ја забележуваме. Понекогаш нашата интуиција и потсвест сугерираат дека се’ ќе биде во ред, но ние игнорираме многу од овие знаци и на тој начин дозволуваме среќата да нѐ одмине. Lovesensa дава неколку знаци кои можеме да ги препознаеме кога универзумот се труди да ни даде порак.

1. Магичниот број 8

Во многу култури, бројот осум се смета за симбол на среќа. Во ова особено веруваат Кинезите и имаат добри причини за тоа. Кога ќе го поставите бројот осум хоризонтало, го добивате знакот за бесконечност. При изборот на телефонски број, регистарска табличка или адреса, нумеролозите препорачуваат да се фокусирате на бројот осум како симбол на среќата.

2. Непознато животно ве прифаќа

Сите животни имаат високо развиени сетила и можат да почувствуваат среќа. Затоа, доколку откриете дека мачка скитник ве следела и бара храна, не ја бркајте, туку почестете ја со нешто. Во спротивно, се верува дека можете да ја исплашите среќата.

3. Кога ќе видите виножито

Виножитото е симбол на радост и позитивни промени, а кога одеднаш ќе се појави на небото и ќе го видите, тоа може да биде добар знак.

4. Кога одеднаш ќе станете пооптимистични

Ако одеднаш почнете да размислувате позитивно, се радувате и гледате на ситуацијата од попозитивен агол, можно е среќата наскоро да дојде.

5. Знаци на синхроничност

Ова се невообичаени случаи кога слушате радио и одеднаш ги слушате одговорите на некои ваши важни прашања, или случаен минувач ви испраќа интересна порака или постојано гледате низи со исти броеви, иста боја итн. Овие знаци покажуваат дека сте на вистинскиот пат.

6. Живеете во сегашниот момент

Кога ќе престанете да се грижите за тоа што ќе ви донесе утре, не се навраќате на лошите работи од минатото, туку живеете ТУКА и СЕГА - ова е знак дека среќата тропа на вашата врата.