Како да пронајдете мир во тешки времиња?

Да се соочиме со фактот дека животот значи неизвесност! Тоа е како да кажеме дека огнот е врел. Тоа никој не може да го оспори. Тоа е неговата природа. Никогаш не знаеме што ќе се случи. Никогаш не сме знаеле и никогаш нема да знаеме. Колку се чувствувате пријатно со фактот дека животот е неизвесен? Егото не се чувствува пријатно! Егото сака да знае, да сфати, да предвиди, сака да има сигурност. Но, во обидите да создадеме чувство на сигурност, завршуваме со чувство на исцрпеност, затоа што барањето сигурност е залуден обид.

Зошто?

Затоа што тоа е самата природа на животот – неизвесност.

И колку повеќе учиме да се чувствуваме пријатно со чувството дека не знаеме, кое се темели на развивање на доверба на начин кој не можеме целосно да го сфатиме, и дека животот секогаш, ама баш секогаш, се одвива во наша полза, дури и кога од нашата субјективна перспектива не изгледа така, толку повеќе доаѓа мир во нашиот живот. 

Животот е наменет за нашата духовна еволуција и СЕКОГАШ работи во наша полза. 

Нашата работа, која не е лесна, е да научиме како да бидеме во хармонија со фактот дека не знаеме што ќе се случи. Кога тоа ќе го научиме, или подобро кажано, кога ќе се освестиме, достигнуваме чувство на слобода и мир, какво што никогаш не сме имале.

~ Питер Крони

„Мирот е резултат на преобразувањето на твојот ум да го процесира животот онаков каков што е, а не онаков каков што мислиш дека треба да биде.“ – Вејн Дајер