ЈСП : Нема повеќе финансиски проблеми, автобусите сообраќаат редовно и без застој

Рано изутрина автобусите ги напуштија своите бази и без застој редовно се сообраќаат на линиите известуваат од ЈСП

- “Град Скопје и ЈСП уште еднаш докажаа дека нема да дозволат политичките интриги да го блокираат нормалното функционирање на главниот град. Уште еднаш се покажа кој работи против интересите на граѓаните, но и против интересите на вработените во ЈСП обидувајќи се безпотребно да создаде хајка и тензија во ЈСП со цел граѓаните да останат без автобуски превоз, се вели во соопштението од ЈСП „Скопје“.

Од ЈСП посочуваат дека благодарение на субвенциите на Град Скопје повеќе нема финансиски проблеми, нема никакви пречки во своето работење, а платите и обврските на претпријатието се исплаќаат благовремено и во законскиот рок.

-“ Град Скопје уште еднаш покажа дека нема да дозволи никој да ја блокира работата на јавните претпријатија и да им наштети на интересите на граѓаните. Уште еднаш на виделина се покажа кој работи против интересите на граѓаните, а кој во негов интерес, јасно е дека одредени структури во градот сакаат политички да се пресметуваат со градската администрација и вработените во ЈСП, а на штета на граѓаните, стои во соопштението од ЈСП „Скопје“.