Измамници оперираат во кругот на Клиничкиот центар во Скопје

Лице од тетовско, кое дошло во Скопје во посета во Клиничкиот центар, било измамено од две лица. 

На 13.04.2021 во 20.00 во СВР Скопје, И.Ј.(60) од с.Орашје, тетовско, пријавил дека околу 11.30 часот во кругот на Комплекс клиники „Мајка Тереза“ бил измамен од две лица. Според пријавеното, од двете лица бил замолен да биде преведувач, бидејќи едно од лицата не разбирало албански јазик, на што се согласил.

Како што е пријавено, по кратко време едно од лицата, кое се претставило дека е од Косово, му побарало пари на заем, а откако му ги дал, двете лица заминале. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.