Интервју со Синиша Пекевски: Наместо натпревар на идеи, програми и политики ќе слушаме кој, што и колку е неспособен и грешен

Разговаравме со политичкиот аналитичар Синиша Пекевски околу претстојните претседателски и парламентарни избори што треба да се одржат за некој месец. Го прашавме за неговите прогнози околу тоа кој ќе биде победникот, начинот на кој ќе се води кампањата, политичката поларизираност и ветувањата на политичките партии кон граѓаните.

Пекевски смета дека на овие избори опозицијата има подобра позиција во одност на власта. Нивните шанси значително се зголемиле со хаосот кој се има направи со патните документи

„Резултатите од парламентарните избори ќе бидат драстично подобри за опозицијата, наспроти сегашната позиција. Хаосот кој владее во Македонија на секое поле, а посебно со патните документи дополнително ќе ја зголемува разликата. Бранот од првиот круг на претседателските избори ќе се одрази на парламентарните избори и ќе се случат радикални промени во парламентарниот состав“ вели Пекевски

Околу нивото на кој се води кампањата тој посочува дека целата кампања ќе биде оцрнување на противникот наместо натпревар на идеи и програми

„На жалост Македонија е далеку од тоа ниво и почетокот на кампањата, која уште е неформална гледам дека ќе биде оцрнување на противникот, што е жалосно. Наместо натпревар на идеи, програми, политики ќе слушаме кој што и колку е неспособен и грешен“ потенцира Пекевски

Тој додава дека не очекува позитивна кампања и очекува уште поголема поларизација но и поделби кои само ќе растат со тек на времето

„Не очекувам позитивна кампања и очекувам уште поголема поларизација на општеството. Гневот на граѓаните  од состојбата во Македонија се манифестира на секое поле, а најмногу сега во политиката. Поделбите само ќе растат“ посочува Пекевски

Во врска со изборите вели дека тие ќе бидат натпревар на лажни и нереални ветувања и дополнува дека доволно ќе биде да се погледне наназад и ќе се примети дека бескруполозно се лаже.

„Изборите се натпревар на лажни и нереални ветувања, од влез во ЕУ во 2030 година до течење на мед и млеко во државата. Реално ретко се даваат реални ветувања, само треба да се погледне наназад и ќе видите колку бескрупулозно се лаже, 10% од ветеното не се исполнува„ рече Пекевски

Околу победникот за Пекевски тоа е веќе чиста работа и смета дека опозицијата ќе победи со голема разлика. Неговите прогнози се дека СДСМ го чекаат длабои промени и разединувања веднаш после овие избори

„Опозицијата дефинитивно ќе победи на овие избори и тоа со огромна разлика. Ке гледаме нови партии во парламентот, како и поголем број на пратеници на сега малите партии како Левица. СДСМ ќе се претвори незначаен фактор и очекувам длабоки промени и разидувања проследени со поделби по изборите во 2024 година“ вели Пекевски