Интервју со Мери Амбросова: Енергијата во Скопје е лоша, но може да бидете „светулка во темнината“

Мери Амбросова е скопјанка со повеќе професионални и животни улоги, а нејзината мисија е повеќе позитивина енергија кај женскиот род.

Таа е дипломиран економист, спортист од мали нозе, фитнес инструктор по постпородилно вежбање, енергопрактичар, тренер по личен развој, а работи и со алтернативни масажи.

Во ова време на колективна депресија кај Македонците, и огромен притисок кај жените, Мери успева да биде светла точка. И преку својот личен пример и преку советите кои ги нуди! 

Таа е мајка, борец, инспирација, оптимист, надеж дека може да го извлечете најдоброто од себе! 

За нејзината работа, за Скопје, за Украина...во искрениот разговор кој го направивме со Мери! 

Ајде да почнеме од она што е најново од тебе, тоа се програмите наменети за жени! Од неодамна нудите и своевидни програми за нумерологија, коучинг, езотерика...Од каде поривот да се посветите на овој тип помош за жените? Зошто жените треба да се обидат да се пронајдат себе си преку овие програми?

Да, се започна пред четири години со „Женска Енергија“ која настана од потребата на жените кои ме следеа. Моето 10-годишно искуство со духовност и завршувањето на практична психологија во Украина, многу обуки и тренизни за женска психологија го споив во програмата „Женска Енергија“.

Иако повеќе е кон езотерика и духовност, психологијата потоа дојде во вид на лични консултации каде работам со клиентите на конкретен проблем. Пред година ипол почнав да изучувам родологија/нумерологија кај познат руски родолог. Правата група во соработка со него, почна лани некаде во април и заврши некаде во август. Тука се прави нумеролошка родолошка анализа на човек и потоа три месеци работиме на расчистување на различни канали во родот (финансиски, жената во родот, се расчистува родот од абортуси)... На крај се зима силата од родот.

Овој курс е повеќе езотериски, но посекако од следната група која ќе стартува 15. март решивме со родологот да додадеме и малку коучинг, мотивација. Малку да ги приземјиме клиентите.

Поривот беа моите предизвици прво кои ме потикнаа на освојување на нови знаења. Тогаш живеев во Украина и видов како таму работат со женска психологија и езотерика. Во еден момент посакав да го пренесам тоа знаење кај жените кои ме следеа на инстаграм, т.е. тие сами почнаа да бараат од мене.

Истот се случи и со Роденденските практики, јас ги земав за мене, а потоа се обучив за нив, во нив има базна нумерологија, потоа одиме на лична практика за личноста која е на консултација, потоа како да се припреми за својот роденден, практика на денот на роденденот и како да го дочека и на крај секој месец за што е поволен. Во кој месец да не се оди на одмор или ако се оди да се работи од таму...

Кој е советот број еден кој го давате на една жена која ќе ви се обрати за помош поради „прегореност“ со оглед дека притисоците врз една жена денес се многубројни и повеќеслојни?

Првин констатираме каде ја дава енергијата, дали живее во сегашноста, каква работа има, потоа правиме вежби за прочистување и практики за ставање се на место.

Совет е жените да не си прават притисок на себе, него тој притисок да го распределуваат на другите, најбитно за жената е да знае што ѝ носи задоволство и тоа да го практикува.

Она што најмногу го приметувам кај жените е што на прашањето што те радува и ти носи задоволство следува „молк“.... Напишете 20 работи кои ве радуваат ви носат задоволство и правете некои од нив. Направете си „чанта со муниција“ од работи кои ве враќаат во ресурсна состојба. Овие работи може да се различни кај секого.

Живеевте во Украина? Дали сега ги следите случувањата таму? Одржувате ли контакти со роднини и пријатели оттаму? Какво е вашето искуство од оваа земја, по она што се случи – вашето враќање оттаму поради војната?

Да, ги следам, но не сакам да ги коментирам. Сметам дека секој од нас се наоѓа онаму каде што треба да е, во даденото време. Да, одржувам контакти секако и со пријатели и со учители, завршувам и некои тренинзи кај нив. Јас имам прекрасно искуство, како човек кој живеел таму, но и како човек кој учел во нивни институтиции.

Може немаат некои подобри услови за живеење од нас, таму нема многу средна класа, условите во државното здравство се многу лоши, но луѓето не се жалат, некако продолжуваат, имаат некоја радост сама по себе.

Која е впрочем тајната за една жена да биде исполнета? Можно ли е да се направи вистински баланс меѓу кариерата, мајчинството, изгледот...Вие како пример, како успевате сето тоа да го усогласите?

Тајна нема некоја, освен како што пишав погоре да се прочисти прво, да расчисти со родителите, да го чисти енергетски домот, да го исчисти и родот, потоа да се наполнува преку разни техники, медитации, дишења, физичка активност, и секако да прави работи што ги сака.

Сметам дека има премногу енергетски негативи кон жената, не знае да ги обработат, а при тоа и недостига полнење. Сето ова го има базично во „Женска Енергија“, но потоа и во РОДОЛОГИЈА и во Роденденски ритуали, системнски коучинг.

И секако многу ретко жената одмора на женски начин. Женски одмор е кога жената седи и не прави ништо, односно со ништо не се оптоварува ни физички, ни психички. Ова сѐ поретко жените го прават. И од сѐ погоре наведено жените „прегоруваат“.

Кога би имале баланс во трошење и полнење енергетски, при тоа прочистени и свесно знаеме каде се трошиме, а каде се полниме, се одмараме, ќе сме се помалку „прегорени“, а се повеќе „ресурсни“ жени кои ќе ги водат другите. 

Веќе извесен перид сте во Скопје. Каква е енергијата во градот според Вас? Како го доживувате? Што ви пречи кај луѓето, но и општо во градот? Омилени места...

Мислам не е тајна дека е лоша енергијата! Првите шест месеци, посебно првите три се чувствував како да сум паднала во некоја темна дупка. И тоа го кажував сѐ додека не се советував со еден духовен учител и не ми кажа „да, да така е, но ти можеш да станеш од неа и да бидеш светулка во темнината“. 

Мора некогаш да се соочиш и со негатив и успех е кога ќе научиш да се справуваш и да се носиш со него, а не да го избегнуваш или да си бараш оправдување. Потоа постепено веќе се прилагодив и сега ми е одлично, тоа е доказ дека без разлика на енергетиката на градот и околината секаде може да светите, и колку вие светите толку повеќе светулки ви се придружуваат.

Скопје од друга страна има пирамида, тука од страната на Кисела Вода, која неутрализира. Ништо не ми пречи кај луѓето, секој е онаков каков што е и јас го прифаќам таков, едноставно немам контакт со лоши луѓе, работам со мои клиенти кои се освестени и се на патот веќе.

Фокусот не ми е на пречките, загаденоста ми пречи, но среќа имаме планини блиску нас и тоа е предност. Можеме за кратко време да сме на планина и да уживаме во свежиот воздух. Мислам дека нѐ наградиле со севишните сили и планина и сонце... Само да негуваме и да сме свесни за тоа.

Омилено место ми е „Три круши“, блиску ми е и преку недела знам да си одам таму. Ресторанот „Дион Аеродром“ бидејќи има игротека и може со пријателките на раат да се видиме, паркот пред зграда ми е омилен, нема многу гужва, летно време е сенка, има нормални луѓе, погледот од мојата тераса која гледа накај Водно, накај планина и зеленило.

Скапи ли се вашите програми? Може ли секоја жена да си ги дозволи?

Скапо, евтино стана некако многу различно за секого. Сметам дека некој кој е подготвен за нешто енергетски се раширува и му се дава можност за уплата. Сметам дека не се, дека секој може да си ги дозволи, плус на мојот Инстаграм профил има доста бесплатни и совети и практики и размислување, мотивација, каде човек само да следи може да стигне до ниво каде што може да си дозволи некоја услуга стартна, а потоа и со самото растење да си дозволува и некоја услуга со повисока цена.

Како финансискиот канал се раширува кај човекот така и неговите можности растат. Сепак сметам дека моите програми многу повеќе вредат, но од причина да бидат достапни на пошироката маса се со таа цена. Немам асистент, се поминува низ мене, јас одговарам, јас правам зумови и се по ред, тие се во контакт директно со мене, што во странство барем јас кога одам по тренизни и обуки во контакт сум со куратор, а со авторот за да си во контакт плаќаш огромна сума на пари. Така што во целост сметам дека не се, доколку се земе во обзир целиот мој труд во програмите и услугите и личниот пристап и достапност со секого.