Денеска крводарителска акција за роденденот на ЈП „Градски паркинг“

Со крводарителска акција ЈП „Градски паркинг“ денеска ја одбележува 20- годишнината од своето постоење. Дарувањето крв започна во 8.30 часот во деловните просториина претпријатието во катна гаража „Беко“ на улицата Даме Груев, на приземје, поточно на влезот кај рампата за симнување во катната гаража.

Пораката на оваа крводарителска акција во чест на годишнината на ЈП „Градски паркинг“ и празникот на градот Скопје е јасна: Да бидеме борбени, силни и успешни, притоа незаборавајќи на човечноста и хуманоста која треба да се споделува меѓу нас – велат од претпријатието.