Ова место во центарот на Скопје е претворено во паркинг и такси постројка

Како ли е дозволено ова место во центарот на Скопје да се претвори во паркинг за разно-разни фаци и такси постројка, прашаа скопјани во фејсбук групата „Ѕид на сообраќаниот срам“. 

Велат дека токму овој простор под и околу Триумфална не треба да биде прооден цело време за возила, ниту да биде такси-станица, туку дотур на роба да се врши во одреден период од денот. 

Други, пак, велат дека не е возможно со дрон да се врши достава на роба и дека токму во тој дел од градот има згради, институции, деловни објекти и, како што велат не е страшно, што местото е проодно за возила.