Ако му посакувате на вашето дете несреќен живот, продолжете да се карате пред него

Доколку ги решаваме работите со карање и со надвикување, го учиме детето дека така се решаваат проблемите. Ако детето е предмет на караница, му испраќаме порака дека тоа е проблемот. Дали навистина сакаме од своите деца да направиме луѓе кои вечно ќе имаат чувство на вина и кои ќе викаат на другите?

Никој не вели дека е лесно секогаш да се биде зен и да не се карате, да не се лажеме - во секој брак има караници и брачните партнери знаат да разменат комуникациско оружје без да проверат дали детето е во нивна близина. И срам им е за тоа. Тоа не е нешто што треба да се прави. Треба да се научиме како да преминеме преку своето его бидејќи нашето дете е поважно од нашата „победа“.

Многу е важно родителите пред децата да се во складен, хармоничен однос што не е лесна задача.

Притоа не се мисли на тоа дека едниот од родителите треба да попушта и да „голта“ додека другиот дотура масло во огнот. Да се учи детето дека треба да трпи и да не се бори, исто така не е опција. Ако мама молчи додека тато вика, само ќе го научите детето дека е во ред мажите да викаат, па веројатно вашата ќерка ќе најде таков партнер во иднина затоа што навикнала на тоа и мисли дека така треба да биде.

Затоа е важно двајцата родители да искулираат. Дури и кога е во прашање воспитувањето на децата. Пред децата мора да настапите сложно за да не ги збунувате и за тие да пораснат во сигурни луѓе полни со самодоверба.

Возрасните не се согласуваат околу сите заедички прашања, што е и нормално. Нашите ставови и начинот на однесување се резултат на начинот на кој нѐ пораснале нашите родители, на културата и на нашиот темперамент.

И несогласувањето пред децата може да биде во ред сѐ додека детето не е предмет на тоа несогласување и додека тоновите на говорот се ниски, а зборовите се бираат.

Не треба да се правите дека секогаш сѐ е во ред. Можеме да не се согласуваме околу многу работи, но без обвинување, навреди, исмејување и високи тонови. Со тоа го учиме детето на дијалог, на разговор за проблемите и на правилно решавање на караниците.

Проблемот настанува кога еден од родителите влече навика за решавање на проблемите од своето сопствено домашно воспитување. Ако кај него дома работите се решавале со викање и со лупање на врати, веројатно и родителот со прифатил тој образец - посилниот победува.

Методот на родителот станува метод на детето

Кога во центарот на караницата меѓу двајцата родители е самото дете, влогот е малку поголем. Децата се емотивно врзани за своите родители и не сакаат да бидат „помеѓу“. Детето не сака да бира. Детето не би требало никогаш да бира кој е во право нуту да се чувствува како причина за караницата. Така од детето ќе направите личност која како терет на своите рамења ќе ги носи кривицата и стравот. На детето му се наметнува одговорност, што на долги патеки носи чувство дека во него е проблемот.

Како да останете сложни пред детето?

Сепак, не сме роботи. Кога ќе се вжештат работите, многу е тешко, ако не и невозможно да се смириме себе и да почекаме подобар момент за „кавгање“, но и да научиме аргументирано и смирено да разговараме со партнерот за работите околу кои не се согласуваме. Тоа значи:

Нема повишени тонови

Нема покажување со прсти (невербална закана)

Нема пасивна агресија на лицето и говор на телото

Нема скриени погледи кон детето

Нема спомнување на детето

Никогаш не го вовлекувајте детето во кранаицата.

И да се скарате, МНОГУ Е ВАЖНО ДА СЕ СМИРИТЕ ПРЕД ДЕТЕТО. Извинете му се на партнерот, гушнете го детето и јасно кажете му дека тоа апсолутно не е причината за вашата кавга, дека тато и мама се скааат, но зборуваат како да решат некои работи.