4 лекции кои не сме ги научиле на училиште, а кои имаат моќ да ни го променат животот

Среќата не е недостижна, но таа треба да се разбере. 

Photo by Hasmik Ghazaryan Olson on Unsplash

Ова се лекции кои ќе ви помогнат да водите посреќен, позначаен и помирен живот, а не сте ги научиле од родителите или пак на училиште.

Научете да разберете што е важно во вашиот живот, а што не

Не трошете го вашето драгоцено време и енергија на работи кои не водат никаде. Обидете се да ја разберете моќта на избор што ја имате во вашиот живот и паметно одлучете кои врати да ги отворите, а кои да ги затворите.

Нема секогаш да го добиете она што го сакате

Бог на човекот не му го дава она што го сака, туку она што му треба. Затоа, не прашувајте: „Зошто?“, туку размислете: „За што?“ Погледнете околу себе и научете да цените се што имате во животот, уживајте во она што го имате сега.

Насмевнете се дури и кога сè е тажно

Обично претпочитаме задоволство и ја отфрламе болката. Ова е грешка, мора да се соочите со проблемите директно, без страв. Кој се затвора од сопственото страдање, се лишува од радост и љубов.

Не ја проектирајте својата сила или слабост на другите

Направете список на сите луѓе на кои им се восхитувате и на квалитетите што го инспирираат тој восхит. Направете уште една листа на луѓе кои не ви се допаѓаат и додајте ги квалитетите што ги презирате кај нив. Потоа обрнете внимание на квалитетите на кои им се восхитувате, како и на оние што ги презирате, а потоа ќе сфатите дека се гледате во огледало. 

Карактеристиките на кои најмногу им се восхитувате се оние кои треба да ги развиете во себе. Преземете одговорност за вашите сопствени квалитети и оставете ги луѓето да бидат тоа што се. Другите нема да ве направат среќни, тоа можете да го направите само вие самите.

Насмевнете се дури и кога сè е тажно

Обично претпочитаме задоволство и ја отфрламе болката. Но, ова е грешка, мора да се соочите со проблемите директно, без страв. Кој се затвора од сопственото страдање, се лишува од радост и љубов.

Секој има своја вредност

Бидете горди на тоа што сте и од каде доаѓате, затоа што нема никој подобар од вас и нема да има, затоа што секој има своја вредност. Како маж, пријател, брат, син, татко и слично, вие сте и секогаш ќе бидете незаменливи.