Сите булевари проодни - екипите на Град Скопје на терен

Во текот на изминатата  ноќ екипите на зимската служба на Град Скопје фрлија 60 тони сол на градските булевари и улици, особено на критичните места, и  сите булевари и улици кои се во надлежност на Градот Скопје се исчистени и истите се проодни.

 Екипите на зимската служба  на терен со механизација и рачно го чистеа снегот од булеварите и градските улици, како и од тротоарите.

 Зимската служба на Градот будно ја следи состојбата на терен и ќе интервенира според потребите.

 Градот Скопје им препорачува на возачите да возат внимателно и да се придржуваат на условите на коловозите. Потсетуваме дека во надлежност на Град Скопје се булеварите и одредени градски улици, а преостанатите улици се во надлежност на општините и тие се задолжени за нивно чистење и одржување.

 Апелираме до граѓаните, куќните совети и сопствениците на деловните објекти да се придржуваат до законската обврска за чистење на снегот од приодите до нивните објекти.