Инспекторат на Град Скопје изрече три казни за јавна хигиена

Одделението за комунална инспекција при Секторот Инспекторат на Град Скопје во текот на изминатата недела, согласно со своите законски овластувања, вршеше контрола на целата територија на град Скопје, информираа од Град Скопје. 

Инспекторите излегле на терен и извршиле девет контроли на физички лица и на правни субјекти по основ на поднесени електронски преставки на мејлот 24@skopje.gov.mk.  

Извршени се седум инспекциски надзори по претставки поднесени преку архива поднесени од физички лица и правни субјекти, четири   со задолжување со решенија, а изречени се и 3 казни на физички и правни лица по Законот за јавна чистота.