Принова во скопска Зоолошка, се роди бебе алпака

Од скопската Зоолошка градина споделија прекрасни вести. Добија нов член - бебе алпака! 

- Нашата алпака Фелиција стана мама по вторпат. Дина која се роди во 2021 година, деновиве доби сестричка. За малото бебе се грижи целата фамилија на алпаки, соопштија од ЗОО Скопје. 

Фото: Горан Анастасовски