Арсовска со брз одговор на реакциите на граѓаните: Ѓубрето отстрането за неполн час

Поради голем број поплаки од граѓани за преполни контејнери ширум градот градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, информираше дека во текот на вчерашниот ден веднаш излегла на терет. 

-Го посетивме ЈП „Комунална Хигиена“ каде добивме ветување од одговорните на смена дека ситуацијата ќе биде надмината во најкраток можен рок, а проблемот беше решен за неполн час, рече таа порачувајќи дека проблемите ќе се решаваат тековно.

-Остануваме на терен и редовно ќе ја контролираме работата на сите градски претпријатија, а ќе одржиме состанок со раководството на јавното комунално претпријатие каде ќе биде расчистено зошто повеќе од недела дена на неколку локации во Скопје не се собира сметот од контејнерите со динамика согласно потребите.

Арсовска е децидна дека на секоја дојава на граѓани ќе реагираат.

-Нема да има отстапки за неодговорно однесување на градските служби. Нема да дозволиме некој наместо професионално да раководи, да собира политички поени на работа што треба да биде завршена без да се јавува самиот градоначалник, а на терен ќе бидеме присутни постојано бидејќи ред мора да има, вели таа.