Ова е еден од најздравите, но и највкусни напитоци кои можете да ги направите во текот на зимските денови.
Photo by JÉSHOOTS
Тој го чува имунитетот, помага во варењето на храната и ги намалува мачнините. Освен тоа, истражувањата покажуваат дека флавоноидот тангеритин, кој се наоѓа во сокот од мандарина е моќно оружје против ракот на дојка. Лимоновиот сок содржи лимоноиди кои исто така се одлични за превенција, но и намалување на растот на клетките на ракот.
Потребни состојки:
4 мандарини (излупени и поделени на парчиња)
1 лимон (излупен и исецкан на мали парчиња)
1 помал од ѓумбир (излупен и исецкан на мали парчиња)
Измешајте ги сите состојки и ставете ги во блендер. Штом добро се измешаат сите состојки, сокот е готов.