5 видови храна за оние со проблематична тироидна жлезда

Ако имате хипотиреоза или боледувате од Хашимото – болест која предизвикува намалена функција на тироидната жлезда, треба да обрнете внимание и да повнимавате на исхраната. Тироидна која слабо работи, можеме да ја „размрдаме“ со помош на правилна исхрана, односно Храна богата со јод, тирозин, цинк и селен.

Риба

Рибите како лосос, сардина, пастрмка и туна се богати со омега-3 масни киселини и се одличен извор на селен, па освен за тироидната жлезда добро делуваат на општата здравствена состојба кај човекот. 

Јаткасти плодови

Тие исто така се многу богати со селен, посебно лешниците, макадамијата, индиските и бразилските ореви. Една рака јаткасти плодови дневно се доволни за да се подобри работата на тироидната жлезда, а можете да ги консумирате како грицки за ужинка или пак како додаток во некоја салата или јадење.

Свежо овошје и зеленчук наместо термички обработено

Зголемување на телесната тежина е еден од раните симптоми на хипотиреоза. Многу е важно да не дојде до прекумерно качување килограми  и токму затоа во исхраната повеќе од потребно е да се внесува свеж зеленчук и свежо овошје, наместо термички обработено. Со термичката обработка се губат нутритиентите кои и требаат на тироидната жлезда, односно на организмот.

Морски алги

Оваа намирница често се наоѓа на менито кај вегетаријанците и веганите, а одлична е за тироидната жлезда затоа што содржи голема концентрација јод. Овој нутритиент есенцијален е за правилна функција на тироидната и за производство на нејзините хормони. Морските алги богати се со влакна, калциум и витамини А, Б, Ц, Е и К.

Мешункасти плодови

Хипотиреозата го намалува нивото на енергија во организмот. Мешункастите плодови се богат извор на протеини, антиоксидански, комплексни јаглехидрати, витамини и минерали. Содржат влакна и затоа се одлични за празнење на цревата. Грав, грашак и леќа се некои од производите кои може да се додадат во исхраната.