Заврши „Егзит“, еден од најголемите музички фестивали во регионот

Вчера заврши еден од најголемите фестивали во регионот-„Егзит“. На истиот оваа година настапија повеќе од 1.000 изведувачи на 40 различни бини низ Петроварадинската тврдина во Нови Сад.

22. издание на „Егзит“ се означи со фантастична фестивалска атмосфера, одлични концерти и диџеј сетови. Фестивалот оваа година го посетија околу 200.000 посетители.

Како главни ѕвезди на фестивалот настапија: раперката Иги Азалија, боговите на електронскиот звук Борис Брејча, „АРТБАТ“, Монолик, Анфиса Летјаго,  Келвин Харис, носителот на алтернативната ода Ник Кејв, и белорускиот состав „Молчат дома“.

На „Егзит“ настапи и  Ана Ѓуриќ – Констракта која имаше моќен настап, а меѓу главните ѕвезди годинава се најде и нашиот Кирил Џајковски заедно со MC Rootsman I.