Владо Јаневски, Беквалац и Томашевиќ го загреваат скопско лето 2021

Оваа седмица и викендот коj следи ќе бидат исполнети со музички настани кои ќе значат загревање за скопското лето 2021 година кое официјално доаѓа за неколку денови. Владо Јаневски, Наташа Беквалац и Јелена  Томашевиќ се музички имиња чии настапи се потврдени и чии термини се веќе утврдени.

Чаирскиот романтичар, Владо Јаневски оваа среда ќе пее пред публиката на скопскиот локал „Мош“, цената на влезницата е 250 денари. Гостите ќе имаат можност да ги слушнат поновите и стари хитови на еден од најдобрите македонски музичари.

Во истата вечер и Јелена Томашевиќ ќе ги испее познатите „Кошава“, „Да ми је да ми се врати“ „Јутро“ и многу други за оние кои ќе бидат гости во скопскиот локал „Интермецо“. Влезот таму е бесплатен.

Во саботата платото пред спортскиот центар „Борис Трајковски“ е резервирано за српската ѕвезда Наташа Беквалац. Организатор на настанот е EventGroup.mk, а цената на влезниците е 600 денари.