Во спортскиот центар „Јане Сандански“ течат подготовките на за најголемиот настан на деценијата во организација на Државната Лотарија, ќе биде промовирана новата интернет платформа megawin.мк.
Вечерва со магичен музички времеплов Државна лотарија ги поканува граѓаните заедно да создадат повеќе причини за уште повеќе среќа. Првиот повод е да се прослави за новата интернет платформа megawin.мк, вториот да се сподели новата визија за Државна лотарија, третиот да се промовира новиот симбол, четвртиот да се прослави јубилејот 15 години Државна лотарија, петтиот да се доделат наградите од наградната игра „Биди ин, регистрирај се на мегавин“, шестиот да се слави музиката од 1990-те и 2000-те со кој ќе потврдиме колку е важно да се поттикнуваат убавите емоции, да се инспирира надежта, да се даде простор на сонот, да се гради едно големо цело, да се создаваат можности за среќа − наша и нечија…
Настанот ќе биде музичко патување низ времето и одлична можност да се потсетиме на некогашните големи хитови и музички имиња кои одамна не сме ги виделе на сцената, ќе се појават Игор Џамбазов, Маријана Станојковска, Миа Костова и Мартин Трпчевски, а ќе настапат: Искра Трпева, Peace Brothers, Марјан Стојановски, Кристина Арнаудова, Ребека, Маја Гроздановска-Панчева, Ристо Самарџиев, Бени Шаќири, Андријана Јаневска, Верица Пандиловска, Александар Тарабунов, Арчи, Сара Мејс, Бојана Скендеровски, Ламбе Алабаковски, Тони Зен, Ивона Јо, Куку Леле, Дуо Дис, Наде Талевска, Дарко Гроздановски, Мила Николовска-Ѓумар, Александар Ристовски – Принц…