Во Младинскиот културен центар (МКЦ) вечер, во 21 часот, ќе се одржи 12-то издание на ПМГ Рекордингс фестивалот со наслов „Градот ме тера да пеам“.
На првиот и главен подиум, гости и ѕвезди на фестивалот се Ниплпипл (Nipplepeople) од Загреб, Хрватска, еден од најпопуларните електро – поп б
Вториот подиум за танц, под името „PMG Tanz Digital stage“, ќе биде отворен во холот пред киното „Фросина“ и ќе биде целосно посветен на електронската музика. Настап во живо ќе има кавадарчанецот Зоран Веселинов, а со диџеј сетови ќе се претстават Галатеа, Андреја Салпе и Виолета Качакова.
ПМГ Рекордингс фестивал е годишна смотра на истоимената дискографска куќа, која има повеќе од 200 изданија. Фестивалот е поддржан од Министерството за култура.