Заталкано зрно оштетило паркиран „мерцедес“ во скопски Сарај

Завчера во 16.17 часот во СВР Скопје, Н.Л.(21) од с.Љубин, скопско, пријавил дека околу 15.00 часот во с.Сарај, скопско, од заталкано зрно било оштетено патничкото моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое претходно го паркирал.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, а зрното било подигнато за понатамошна постапка.