Залутани куршуми оштетија покриви на куќи во Гази Баба и Сарај

Два случаи на причинета штета од заталкани куршуми биле пријавени во полицијата во текот на изминатиот викенд. 

На 17.02.2024 во 18.10 часот во СВР Скопје, Ф.Л.(63) од с.Љубин, општина Сарај, пријавил дека кровот од неговата куќа и гаража бил оштетен од заталкани зрна од огнено оружје.

На 17.02.2024 во 14.40 часот во СВР Скопје, М.Т.(33) од Скопје пријавил дека на балконот од неговата куќа на подрачјето на Гази Баба во Скопје пронашол зрно од огнено оружје, а забележал и дека кровот на балконот бил оштетен. Зрното било подигнато за понатамошна постапка.

Извршен е увид и се преземаат мерки за расчистување на случаите, велат од МВР.