Зарѓани водоводни цевки во Козле, додека Арсовска инвестира милиони во Сарај - Јоци „распали“ по Арсовска

Поранешната новинарка и актуелна аналитичарка Јорданка Ивановска Јоци јавно ја прозва градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, за проблемот со старите водоводните цевки, додека се инвестира во водоводната мрежа во Сарај. 

- Снема вода во Козле, а по некое време кога дојде, резултатот е - сите чешми се затнати од ѓубре и остатоци од зарѓаните цевки, кои во Скопје датираат од пред 70 години, пишува Јоци. 

Ова црново на салфетата отприлика го вадиме низ бубрези. За тоа време, место да ги менува старите цевки, ова плавушов фукна 2,7 милиони евра на нов водовод за седум села во Сарај и се сликаше окезена со Али Ахмети. А, Сарај две децении се најголеми неплаќачи на вода, притоа без никаков страв и санкции се хронично диво приклучени и питката вода ја користат за наводнување на ниви, вели во својата објава Јорданка. 

Констатира дека сето ова жителите на Ѓорче Петров, кои плаќаат редовно, ги чини - слаб притисок на вода!

- И оваа со партиичено нејзино ќе барала за избори гласови од ѓорчепетровци. Ај, важи. Ќе и` го кажат филмот ем они, ем цело Скопје на 8 мај, порача Јоци во својата фејсбук објава.