Започна реконструкцијата на улицата „808“ во општина Гази Баба

Градот Скопје започна со градежните работи за реконструкција на улица „808“ во општина Гази Баба, која е под надлежност на Градот. Реконструкцијата на оваа улица ја најави градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска при денешниот увид во отпочнувње на градежните активности на терен, каде наведе дека оваа улица е во катастрофална состојба и не била реконструирана повеќе децении, велат од Град Скопје. 

- Улицата „808“ е една од најфреквентните сообраќајници во овој дел од општина Гази Баба, а по истата се движат и голем број на товарни возила бидејќи се работи за индустриска зона. Минатиот месец на оваа локација се изврши реконструкција на водоводната и атмосферската мрежа, а покрај реконструкција на коловозот на површина од 9.200 метри и должина од 1.000 метри, се изведуваат соодветно пешачка и велосипедска патека од двете страни на коловозот, истакна градоначалничката Арсовска.

Реконструкцијата се изврши на потег од крстосницата со улица 16 Македонска Бригада (кај централната база на Противпожарната бригада) до крстосницата со булеварот Киро Глигоров. Со ова се реализира уште еден проект од програмата “ За модерно Скопје", проект баран од граѓаните повеќе децении, порачаа од Град Скопје. 

Градежните работи на реконструкцијата на улица „808“ ги изведува јавното претпријатие “Улици и патишта Скопје”.