Забоден е еден затвореник во Идризово

Денеска, во едно од одделенијата од Казнено-поправната установа Затвор Идризово, бил прободен еден затвореник.

Според извештајот на МВР, пријавата за настанот до нив стигнала денеска во 00:20 часот по полноќ, а прободениот затвореник е лицето С.М.(36) од Струга.

Од МВР велат дека С.М. бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош.
 

За случајот се преземаат мерки за расчистување на случајот.