Излегол од затвор физички ја нападнал сопругата - и ја запалил облеката, ги земал децата и заминал од домот

До СВР Скопје било пријавено дека затвореник кој излегол од затвор ја нападнал својата сопруга, и ја запалил облеката и ги земал децата и заминал од домот.

„На 15.04.2024 во 21.30 часот во СВР Скопје, 27 - годишна жена од скопско село пријавила дека во семејниот дом била физички нападната од нејзиниот сопруг С.Б.(29), кој моментално издржувал затворска казна во Казнено - поправна установа Затвор Идризово. Според пријавеното, тој со запалива течност и запалил дел од облеката, по што ги земал децата и заминал од домот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.