„За Скопје со љубов“ - Денеска голема крводарителска акција

Црвениот крст на Град Скопје и денеска достојно ќе го одбележат 26. јули, денот кога се сеќаваме на страотниот земјотрес во далечната 1962 година. 

За денеска планирана е крводарителска акција и проекција на филм. 

- На денот на солидарноста, кога Скопје се сеќава за значењето на истата, ве покануваме да бидете дел од крводарителска акција и да ја покажете својата солидарност преку чинот на дарување крв. Ви благодариме на искажаната солидарноста, хуманост и на секоја дарувана доза крв кој спасува многу животи, се вели во апелот од Црвениот крст. 

Крводарителската акција е закажана за во „Даре Џамбаз“, од 9:00 - 17:00.

Вечерва, во рамки на одбележувањето, на плоштадот „Филип II“ кај Камени Мост ќе има проекција на документарецот посветен на солидарноста за Скопје по земјотресот. Проекцијата ќе биде со почеток во 18 часот.