Град Скопје доби „Оскар на хуманоста“

По повод 8 Мај, Светскиот ден на Црвен крст и Црвена полумесечина, Црвениот крст на град Скопје вчера на манифестацијата „Оскар на хуманоста“ на Град Скопје му додели признание за соработката која се темели на повеќегодишна взаемна поддршка.

Град Скопје беше и меѓу првите кои помогнаа со финансиска помош и екипи на терен при катастрофалниот земјотрес кој ги погоди Турција и Сирија, велат од Град Скопје. 

- Одличната соработка на Градот Скопје и Црвениот крст продолжува со поддршка низ бројните програми за грижа на ранливите категории граѓани. Хуманите луѓе кои своето време и компетенции ги ставаат во функција на грижа и помош во општеството, може да направат вистинска разлика во животот на оние на кои таа им е најмногу потребна, истакна заменик градоначалникот Александар Трајановски.