За сите девојки кои мислат дека никогаш нема да бидат сакани...

Кога стигнав до одредена точка во мојот живот, кренав раце.

Без оглед на тоа колку пати ми кажуваа дека сум убава или колку чудни комплименти добивав од момчињата, јас бев убедена дека ниту еден маж нема да сака да излезе со мене. Или барем да излегува со мене како личност.

Затоа што се обидов.

Направив се што можам да направам за некој да ме викне да излеземе. Единствениот фин состанок на којшто бев, беше слеп состанок и тоа не водеше никаде. Ако се случеше да излезам на состанок, типот уште веднаш се обидуваше да стигнеме до кревет и јас секогаш морав да наоѓам начини како да избегам од тоа. Или ако почнеше да ми се допаѓа некој тип, тој до уши се заљубуваше во секоја моја пријателка освен во мене. Или се случуваше одредени момци да ме ставаат во онаа сива зона помеѓу „повеќе од пријатели“, ама „помалку од врска“. Тие едноставно ќе ме „испробаа“ за да видат дали „нешто ќе се случи.“

Кога станува збор за состанување, јас секогаш сум оставена со прашалници над глава и едно прашање кое постојано се врти како расипана плоча: „Што по ѓаволите треба ова да значи?“

Така дојдов до заклучокот дека јас едноставно не сум тип на девојка со која мажите излегуваат на состаноци. Можеби сум убава, ама не вредам за трудот. Претпоставувам дека јас сум девојката која ја посакувате или за која фантазирате, но не и девојката во која се заљубувате.

Велам „претпоставувам“, бидејќи иако се просветлив со овој факт, одбив да задоволувам било чија похота и страст. Кога ја надминав мојата депресија, решив дека ќе живеам за себеси и дека никогаш нема да се задоволувам со помалку.

Сфаќам дека сите не ја прифаќаат изреката: „Не можеш да сакаш некого ако не се сакаш себеси“, но за мене тоа беше тактика за преживување на најтешките делови од осаменоста.

Немав друг избор освен да се сакам себеси, затоа што морав да сфатам дека само затоа што луѓето не можат да ме сакаат во романтична смисла на зборот, не значи дека мојот живот е безвреден и нема поента.

Сосема е супер да сакате да бидете сакани, но понекогаш ќе налетувате на луѓе кои едноставно не можат да ве сакаат и не секогаш се работи за вас, туку едноставно тие не се подготвени за вас. И тоа е океј затоа што тоа ви ја дава можноста да ги правите сите оние работи кои ги сакате, а кои не вклучуваат состанување или заљубување.

Можеби мислите дека сте девојката која никој не сака да ја покани на состанок, но едноставно бидете трпеливи затоа што со текот на времето, кога најмалку ќе очекувате, ќе запознаете некој со кого ќе ги вкрстите патиштата. Но, дотогаш, запознајте се самите себеси, затоа што вие сте важна личност и заслужувате да бидете сакана.