Има нешто што никогаш не забораваме за бившата љубов: 9 спомени кои остануваат секогаш во сеќавањето

Само затоа што го преболе не значи дека повеќе никогаш нема да ти помине низ глава. Особено кога некоја случка ќе те потсети на некој заеднички момент и драг спомен кој си го имала со него. Колку е врската подолга, толку повеќе време сте поминувале заедно и ќе се потсетуваш на него долго по раскинувањето. Овие 9 сеќавања остануваат долго по раскинувањето, а некогаш и засекогаш.

Неговиот мирис

Кога партнерот има специфичен мирис, еден парфем кој му е заштитен знак и кој секогаш го употребува - тоа е една од работите по која ќе го памтиш тој човек. Кога ќе го почувствуваш тој парфем ќе ти биде познат и секогаш ќе те потсетува баш на него.

Денот кога сте раскинале

Што и да се случило, без разлика дали раскинувањето било мирно или драматично, без разлика кој бил иницијатор, веројатно тој ден нема никогаш да го заборавиш. Сеќавањето на тој ден ќе остане години подоцна, а разликата е што нема да боли како првиот ден.

Грешките кои си ги направила во таа врска

Од грешките се учи и ова е нешто што треба да се запамти од минатите врски. Немој секогаш за сѐ што се случило да ги обвинуваш другите луѓе бидејќи често кривицата е во двајцата. Кога објективно ќе ја согледаш ситуацијата и ќе видиш дека си направила грешка, ќе ја запамтиш засекогаш и нема да ја повториш во наредната врска.

Начинот на кој те повредил

Ако партнерот те повредил тоа ќе ти остави еден горќлив спомен, а може да настане и траума која ќе биде нешто што долго ќе ти се врти во главата и ќе ти се враќа и подоцна во врските. Колку и да се трудиш, некои болни спомени не можеме само така да ги избришеме од главата.

Неговите пријатели со кои си била премногу добра

Кога ќе започнеш врска и ќе се здружиш со пријателите на партнерот, некои ќе ти „легнат“ на прва и ќе станат и твое друштво, а потоа кога ќе раскинеш одеднаш ќе ги изгубиш и дечкото и пријателите. Убавите спомени ќе те следат постојано и кога ќе ги сретнеш повторно секогаш ќе се потсетувате колку ви било добро дружењето.

Датумот на раѓање

Паметиме ситници, а ако со некој си била подолго време, со него си поминала повеќе родендени и тој датум ќе ти остане во сеќавање. Кога случајно ќе го видиш тој датум, ќе те потсетува на неговиот роденден и ќе те навраќа во минатото.

Ветувањата кој ти ги дал, а не ги исполнил

Уште еден горчлив спомен и багаж кој психички ќе го носиш во наредната врска. Во врските често се ветуваат работи кои може да се сфатат сериозно, а потоа да видиш дека од тоа сепак ништо нема да се исполни и дека тоа биле само празни зборови.

Местото каде што прв пат сте се виделе

Или некоја друга локација која многу ви значела. Повремено кога ќе поминеш од таму и ќе видиш некој пар на вашето место, спомените може да ти се вратат дури и да поминале години од раскинувањето. Тоа не е знак дека и понатаму си вљубена или дека не си го преболела, не треба да паничиш. Само се работи за спомен кој очигледно многу ти значи.

Неговите маани кои те излудувале

Особено ако ги видиш во некоја друга личност. Ќе те потсетат на бившиот. Сите имаме некоја маана со која ги излудуваме луѓето околу себе, а ако мислиш дека ти ги немаш, во заблуда си. Тоа е уште една ситница за бившиот на која повремено можеш да се сетиш и одма ќе ти биде драго што не си повеќе во таа врска.