Како ветерот кој дува низ гранките на дрвјата и листовите што дишат, така и енергијата од униврзумот тече низ нашите животи и просторот во кој живееме.
Фенг шуи е метод со кој вашиот животен простор е приспособен и подреден да помогне во протокот на позитивна енергија наречена Чи, во вашиот живот. Сѐ во вашиот дом има некоја своја енергија (често не позитивна) и таа енергија влијае на работите кои се случуваат во вашиот живот. Со одржување на просторот и на околината без неред и поставување на предметите на соодветни места, можете да го подобрите протокот на позитивна енергија во својот живот. Од мајсторите на фенг шуи не доаѓаат само совети и мудрости за користење на позитивната енергија во професионалниот живот, туку истото важи и за љубовните случувања. Да преминеме веднаш на работа! За почеток добро исчистете ја својата спална соба. Нередот прави хаос и ја оневозможува позитивната енергија слободно да тече. Исфрлете ги сите оние мини статуетки и украси кои ги имате од детството и едвај се сеќавате од кого се – тие само го оневозможуваат течењето на енергијата. Направете отворен чист простор за да го исполните со нова, позитивна енергија.
За да процвета романсата, а потенцијалните додворувачи да затропаат на вратата, мора да обезбедите простор за друга личност. Поточно, мора да направите место за некој друг кој ќе биде дел од вашиот живот. Расчистете неколку фиоки и направете доволно празно место во својот плакар. Ако вашиот живот и вашето опкружување се исполнети само со ваши работи, никогаш нема да има место за туѓи. Оставете место на својата полица за книгите на идниот партнер, дополнителна четкичка за заби во тоалетот или дупли крпи.
Обидете се да создадете рамнотежа во своето опкружување меѓу јанг (машка) и јин (женска) енергија. Кога сето тоа ќе го направите, обидете се и замислете го својот иден партнер во својот простор заедно со вас. Користете камен кој исполнува желби (розев кварц) за подобар фокус за препознавање на идниот партнер.
Исполнете го просторот со среќни фенг шуи бои. Ова е просторија во која ќе поминувате многу романтични часови и затоа треба да го исполните розеникави, корални и лососови нијанси доколку сакате нежен партнер, и со смели црвени и темноцрвени нијанси доколку авантурата е она што го сакате.
Избегнувајте да вежбате во спалната соба. Ова не е место за трошење таков вид енергија и за секојдневно вежбање. Вашата врска би можела да страда, а вие да се чувствувате како премногу да вложувате за да ја одржите врската. Чувајте ја целата своја опрема за вежбање во друг дел на вашиот дом и надвор од спалната соба.
Опкружете се со симболите на љубовта: романтични слики на вљубени парови, пар мандарински патки, пар шарани и други украси и симболи кои означуваат среќа во пар. Моќта на потсвесниот ум е исклучителна, па затоа отстранете ги украсите кои симболизираат осаменст и заменете ги со симболи на љубов.
Минатите врски се всушност тоа – минато. Тие не и припаѓаат на иднината и врска која не успеала не треба да ве потсетува на деновите поминати со бившиот партнер. Исфрлете ги старите подароци, честитки и фотографии, без разлика колку одамна сте се разделиле. Чувството на носталгија нема да ви помогне да создадете позитивна енергија и да ја пронајдете љубовта на својот живот.
Доколку е можно, заменет ги столиците за седење со помеки и поудобни столици. Распределете ги така да изгледаат пријатно и топло и ќе привлечете партнер кој ќе сака да поминува време во ваше друштво, а истовремено ќе испратите порака дека сте подготвени за врска.
Кога ќе го направите сето ова во домот, енергијата би требало да тече слободно и без пречки од сѐ што сте смениле и преместиле. Тоа, на крај ќе го подобри вашиот романтичен Чи. Пробајте, нема што да изгубите.