Во тек е санација на плочникот кај споменикот Гоце Делчев во Градски парк

Екипите на ЈП Улици и патишта по налог на Град Скопје во текот на изминативе неколку дена вршат санација на плочникот кај споменикот Гоце Делчев и на платото пред фонтаната во Градскиот парк.

Овии активности опфаќаат замена на оштетените плочи околу постаментот на споменикот, санација на скалите, а моментално во тек е и замена на оштетените плочи околу фонтаната „Лотосов Цвет", како и целосно уредување на оштетените делови од плочникот.