Во тек е изградбата на новото основно училиште во Капиштец - се поставува стаклена фасада

Изградбата на новото и современо основно училиште „Капиштец" е во полн ек, посочуваат од Општина Центар.

Во тек е поставување на фасадата, а карабината е веќе завршена.

-Фасадата од стакло приднесува кон модерниот изглед на објектот и обезбедува природна светлина за здрав раст и развој на децата. Се поставува и кровната конструкција, а завршена е карабината за фискултурната сала. Подземните паркинзи се исто така готови. Нив ќе ги користат вработените, родителите на учениците, но и жителите на Капиштец по завршувањето на работното време на училиштето.Следи затворање на внатрешниот простор и оформување на ботаничката градина, која ќе биде прекрасно место за поминување на слободното време. Наскоро ќе се оформат кабинетите, училниците и големиот училишен хол, информираа од општината.

Наскоро ќе се извадат скелињата и потоа фасадата ќе може целосно да се види од улицата "Васил Ѓоргов".