Во понеделник, прекин на водоснабдувањето во дел од Шуто Оризари

ЈП Водовод и Канализација најавуваат дека на ден 08.11.2021 (понеделник) поради санирање на уличен дефект на цевка од Ф 80 мм на улица Брсјачка Буна, крстосница со ул. Овчеполска, прекинато водоснабдување ќе имаат улиците Брсјачка Буна, Овчеполска и Тиквешка. 

Водоснабдувањето ќе биде во прекин од 08:30 часот па се до санирање на дефектот (о. Шуто Оризари).